• петок, 22 ноември 2024

Најмалку две лица ранети во руски напад на Запорожје

Најмалку две лица ранети во руски напад на Запорожје

Киев, 10 октомври 2024 (МИА) – Во руски напад на Запорожје утрово најмалку две лица се ранети, а уништени се и приватни куќи, соопшти Иван Федоров, началникот на Воениот округ Запорожје.

- Засега се познати двајца повредени. Лекарите им помагаат. Подетални информации ќе бидат објавени подоцна, напиша Федоров на Телеграм.

Според агенцијата Укринформ, околу 06:00 часот утринава во Запорожје одекнале силни експлозии. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан