• понеделник, 01 јули 2024

Најголем пад на побарувачката на пиво во британските пабови по 1920 година

Најголем пад на побарувачката на пиво во британските пабови по 1920 година
Лондон, 10 февруари 2021 (МИА) - Продажбата на пиво во пабовите во Велика Британија минатата година опаднала на најниско ниво по 1920 година. А тоа е така, пред се, поради строгите мерки и ограничувања воведени од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот. Вкупната продажба на пиво има пад од 56 отсто во 2020 година, на 6,1 милијарда фунти, што е за 7,8 милијарди фунти помалку од 2019 година, според истражување објавено од Здружението на британски пивници и сопствениците на пабови. Во него се наведува дека ова е најниската продажба на пиво последниве 100 години. Овие податоци се објавени во време кога британскиот министер за финансии, Ричи Сунак се соочува со зголемен притисок да преземе мерки и да спречи бран затворање на компании во угостителскиот сектор. Се смета дека тоа е од витално значење за закрепнување на британското стопанство откако ќе бидат тргнати ограничувачките корона-мерки. си/сд/

Остани поврзан