• понеделник, 17 јуни 2024

Сончево и топло, температура до 36 степени

Сончево и топло, температура до 36 степени

Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

-Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/ев/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан