• четврток, 21 ноември 2024

Панче Тошковски се заблагодари за предлогот да биде министер за внатрешни работи

Панче Тошковски се заблагодари за предлогот да биде министер за внатрешни работи

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) –  Предложениот кандидат за министер за внатрешни работи,  Панче Тошковски, во објава на Фејсбук изрази благодарност до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и до членовите на Извршниот и Централниот комитет на партијата за едногласно донесената одлука.

– Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас. Искрено благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која ми ја укажаа, напиша Тошковски на својот фејсбук профил. 

Додава дека неуморно ќе се вложи за подобрување на условите за живот на сите граѓани, како и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија.

Мицкоски вечерва ги соопшти 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“, откако беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. ра/лв/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан