• среда, 26 јуни 2024

Сиљановска Давкова се сретна со Мицотакис и Главчев

Сиљановска Давкова се сретна со Мицотакис и Главчев

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) - Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. 

Во објава на Фејсбук Сиљановска Давкова истакнува дека со нетрпение очекува со Мицотакис и Главчев да се вклучат во продуктивни дискусии и оти мора да ги подобрат меѓусоседските односи. 

-На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, пишува претседателката Сиљановска Давкова. 

Таа денеска имаше обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржа во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија. лв/

фото: Фејсбук Гордана Сиљановска Давкова

Остани поврзан