• вторник, 02 јули 2024

Сончево и многу топло, температури до 40 степени

Сончево и многу топло, температури до 40 степени

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

УХМР информира дека од денеска до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. мд/aa/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан