• четврток, 04 јули 2024

Во Кавадарци улична кошарка во склоп на летниот фестивал

Во Кавадарци улична кошарка во склоп на летниот фестивал

Кавадарци, 2 јули 2024 (МИА) - Улична кошарка ќе се реализира во Кавадарци, во склоп на летниот фестивал што започна пред еден месец и ќе трае и во наредните два месеца со бројни настани за сите генерации, информираа попладнево од Службата за односи со јавноста при Општината. 

- Уличната кошарка ќе започне на 18 јули на градскиот плоштад. На турнирот планирано е да учествуваат 10 машки екипи со 3+1 играч . Предвидени се парични награди за најдобрите, осум, шест и четири илјади денари за екипите што ќе ги освојат првите три места од турнирот. Право на учество имаат само екипи од општина Кавадарци и учесниците не треба да бидат помлади од 16 години. Пријавувањето трае до 14  јули, соопштија од општинската прес служба. 

Во рамките на летниот фестивал,  на агендата се културно уметнички настани, едукативни работилници, претстави, спортски игри, ликовни колонии, проекции на филм и други случувања. 

- Меѓу другото, предвидена е и презентација од страна на пожарникари, со цел подигнување на противпожарната свест, за превентивно да се влијае против појава на пожари, соопштија од Службата за информирање при локалната самоуправа. 

Во програмата беа вклопени и хумористичен настан, но и случувања поврзани со традиција, храна, вино и ракија, бабини игри, но и детски и ритмички игри, цртање на лица,  подготовка на коктели, боемски настан, фестивал на чалгиска музика, фолклорни средби, гурмански викенд. 

Според финансискиот извештај, реализацијата на оваа програма чини 400 илјади денари. свд/дма/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан