• сабота, 06 јули 2024

Концерт на хрватската група „Бркови“ во МКЦ

Концерт на хрватската група „Бркови“ во МКЦ

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе настапи хрватската група „Бркови” со свој целовечерен самостоен концерт.

На концертот ќе биде промовиран нивниот нов албум „Krvava novčanica”, од кој ќе бидат изизведени неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење.

-Шамсо 69 и екипата до сега имаат објавено осум студиски албуми. Нивните видео спотови имаат неколку милионски прегледи. Во претходните неколку години, „Бркови” прераснаа во едни од најактивните бендови со концерти ширум републиките, а бележат и настапи во Европа, Велика Британија и Канада. Интересен е и фактот што на „Бркови” минатата година им се придружува и Игор Паспаљ, кој од престижниот магазин “Guitar World” е прогласен за светски гитарист на годината во 2020 година, велат од МКЦ.бт/са/

Фото. МКЦ

Остани поврзан