• петок, 05 декември 2025

Иложба „Сибирска Тофаларија“ на Бранислав Бркиќ во Галерија Рудиќ

Иложба „Сибирска Тофаларија“ на Бранислав Бркиќ во Галерија Рудиќ

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во Галерија Рудиќ вечер ќе биде отворена изложба на фотографии на српскиот фотограф Бранислав Бркиќ под името „Сибирска Тофаларија“. Изложбата ќе трае до 15 јануари 2025 година.

Од Галерија Рудиќ соопштуваат дека во современиот свет кој е преплавен со слики и брзи информации, изложбата „Сибирска Тофаларија“ претставува оаза на смиреност и уникатно патување низ простори кои се далеку од метежот и вревата на модерниот живот.

Фотографирајќи сцени кои не се само визуелно привлечни, туку и длабоко емотивни и промислени, Бранислав Бркиќ, инспириран од естетиката и стилот на фотографите на National Geographic, успева да ја долови суштината на тие оддалечени области, не наметнувајќи ги своите фотографии на гледачот, туку преку нив внимателно го воведува во универзум проткаен со чисти емоции, спокојство и хармонија.

Секоја фотографија е како рамка од филм која остава длабок впечаток, создава чувство дека штотуку сме излегле од киното исполнети со спокојство и задоволство. Емоциите, мирисите и звуците на тие идилични простори лебдат во воздухот, правејќи нè да сакаме да бидеме дел од тој свет, да се движиме меѓу тие луѓе, да го доживееме тој бавен живот без брзање.ар/са/

Фото: Галерија Рудиќ

Остани поврзан