Во Росоман почнува „Праскобер“
- Во Росоман од денеска почнува традиционалната манифестација „Духовден фест 2025“ или „Праскобер“.
Росоман, 6 јуни 2025 (МИА) - Во Росоман од денеска почнува традиционалната манифестација „Духовден фест 2025“ или „Праскобер“.
-И оваа година како и претходните, очекуваме за време на манифестацијата да имаме голем број на гости и туристи како од земјава така и од странство. Праската е бренд на Росоман по кој сме познати како регион со најмногу површини посадени со праскови дрвца во државата. Целта ни е да се промовираме како област, да ја задржиме традицијата но и да ги зајакнеме културата, стопанството и туризмот, информираа од Општината.
Од локалната самоуправа повикаа да се одбележи празникот „Духовден“ со љубов и песна. Најавена е богата музичка програма во следните три дена.
В недела ќе се одржи панаѓур, каде оние кои ќе присуствуваат ќе може да си купат предмети за домаќинство и парчиња облека. свд/мд/
Фото: Плакат