• петок, 17 мај 2024

Националниот парк Шар Планина ќе се пошумува со донација од холандска организација

Националниот парк Шар Планина ќе се пошумува со донација од холандска организација

Тетово, 25 март 2024 (МИА) - Национален парк Шар Планина денеска потпиша договор за соработка со холандска организација Греен Стејс (greenstays.eu) и нивна тетовска подружница која ќе донира средства за пошумување на оштетените шуми на територијата на заштитеното планинско подрачје.

Од Националниот парк објаснуваат дека дел од шумите низ Шар Планина се во состојба во која им е потребна помош за нивна ревитализација и затоа има потреба од ваква соработка.

- Националниот парк во рамки на своите плански определби како и усвоените документи за подобрување на состојбите со екосистемите особено внимание ќе посвети на ревитализацијата на шумските екосистеми. Благодарение на донацијата од холандскиот партнер денес почнуваме еден нов период една нова заложба преку интервенирање да дојдеме до подобри, поеколошки одржливи шуми и до моменти каде што целокупното население не само на Шар Планина туку пошироко на нашата држава ќе ги ужива користа што шумата ги нуди, изјави Милорад Андријески, раководител во Одделение за одржливо користење на природните ресурси

За почеток на помали површини оваа година ќе се пошумат неколку површини кои се оштетените од шумски пожари во минатото. Установата ќе изработи плански документи со кои ќе се утврдат детални површини и методи за пошумување.

- Состојбата некаде е задоволителна, негде имаме шумски комплекси кои се во добра состојба меѓутоа на некои места каде што е пренагласена бесправна сеча и некои несоодветни шумарски практики во минатото како и оштетување од шумски пожари, штетите се навистина големи. Таму е неопходна човечка интервенција, неопходна е стручна рака да се преземат мерки за нивна ревитализација, изјави Андриески.

Претставниците на холандската организација посочија дека се цврсто определени дека ќе има долготрајна соработка со националниот парк.

- Многу сме горди што се почнуваме соработка со НП Шар Планина, среќни сме и привилегирани што може да работиме и да помогне на амбициите кои ги има раководството да ја направиме Шар Планина убав производ и област во Македонија, да помогнеме со пошумување која ќе ја претвори во богата шума и биолошка разноликост, изјави Руд Ван Бруијн

Пошумувањето ќе помогне, беше речено на средба, да се унапредат хабитатите и дрвната маса, но и разубавување на планинските пејзажи и сето тоа да резултира со подобри моменти за престој во шума.ас/свс/


Фото: НП Шар Планина 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан