• среда, 03 јули 2024

Научна конференција „Хрвати во високобразовен и културен живот во Македонија во втора половина на 20.век“

Научна конференција „Хрвати во високобразовен и културен живот во Македонија во втора половина на 20.век“
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Претседателка на Заедницата на Хрвати во РС Македонија Невенка Костовска и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кририл и Методиј“ Скопје проф. д-р Сашо Георгиевски, денеска на Правниот факултет, ја отворија научната конференција „Хрвати во високобразовен и културен живот во Македонија во втора половина на 20.век“. - Истакнати се нераскинливи врски помеѓу Хрватска и Македонија низ историјата, а кои се посебно важни во контекст на придонесот на хрватските професори во основањето и развој на правната наука во Македонија во 20.век; Иво Пухан, Фрањо Бачиќ; Рудолг Легардиќ, Констатин Бастаиќ и Фердо Чурлиновиќ, се наведува во соопштението од Заедницата на Хрвати во РС Македонија. Во рамки на конференцијата, организирана под покровителство на „Средишната државна канцеларија за Хрвати вон Република Хрватска“ од Загреб, учествувале и професори од Правниот факултет во Загреб: проф. д-р Ивана Јарамаз Рескушиќ и проф. д-р Иван Милотиќ. Во работата на научната конференција, како што стои во соопштението, учествувале и заменик министерот за политички систем и односите помеѓу заедниците, Џабир Доко и заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Џелал Хоџиќ. На маргините на научната конференција, Костовска и Георгиевски, го отвориле „Центарот за правна аргументација – Иво Пухан“, кој активно ќе придонесе, ќе поттикнува заеднички истражувања и ќе реализира проекти за сегашни генерации на Македонската и Хрватската Академска заедница со цел постигање на европските вредности во современото општество. цр/лв/

Остани поврзан