• петок, 22 ноември 2024

Наполи нема да го продаде Кварацхелија и покрај интересот на ПСЖ и клубови од Премиер лигата

Наполи нема да го продаде Кварацхелија и покрај интересот на ПСЖ и клубови од Премиер лигата

Неапол, 11 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има намера да го задржи играчот од средниот ред Квича Кварацхелија, објави новинарот Фабрицио Романо.

И покрај интересот на ПСЖ и голем број премиерлигаши, раководството на наполитанците очекува дека 23-годишниот Грузиец ќе остане во тимот.

Наполи ќе му понуди нов договор на фудбалерот под подобрени услови и е подготвен да разговара за висината на обесштетувањето. Италијанскиот тим сака да склучи договор со играчот до крајот на сезоната 2023/24.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Оваа сезона фудбалерот постигна 10 гола и девет асистенции на 42 натпревари за наполитанците во сите натпреварувања.

Актуелниот договор на Кварацхелија е со важност до крајот на јуни 2027 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан