• сабота, 16 ноември 2024

Над 14.000 граѓани пријавени за бесплатна вакцинација против грип

Над 14.000 граѓани пријавени за бесплатна вакцинација против грип

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Над 14.000 граѓани веќе се пријавени на веб-страницата - вакцинација.мк, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатно вакцинирање против сезонски грип за ризични групи население, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. 

Како што појаснуваат, предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. 

- Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини, нагласуваат оттаму.

Граѓаните може да се пријават за вакцина преку интернет и на тој начин, потсетуваат од Министерството, директно се регистрирани за вакцинација во системот „Мој термин“.

- Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку СМС ќе се добие повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи: повозрасни лица - над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, додаваат од Министерството за здравство. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан