• вторник, 24 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВРЕДИ: Соработката и разбирањето се клучот за иднината

ВРЕДИ: Соработката и разбирањето се клучот за иднината

Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) - На Меѓународниот ден на толеранцијата, градоначалниците од општините раководени од коалицијата ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ со симболично заедничко засадување дрвца, покажаа дека соработката и разбирањето се единствениот пат за создавање подобра иднина за сите граѓани.

Од коалицијата ВРЕДИ соопштија дека насатанот од нивната коалиција учествуваа градоначалниците: Блерим Сејдиу на општина Желино, Валбон Лимани на општина Гостивар, и градоначланикот на Општина Чаир и домаќин на насатнот, Висар Ганиу. Од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ беа Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница, Дејан Митевски на општина Аеродром, Александар Стојковски на општина Ѓорче Петров и Орце Георгиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода, воедно и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

-Засадувањето садници денес не е само симболичен чин, туку јасна порака: садиме надеж, единство и напредок, против поделбите и омразата што ги измориле и премориле нашите граѓани, истакнаа градоначалниците. Коалицијата ВРЕДИ цврсто стои против обидите за ширење поделби и омраза за ситни политички придобивки. Ние веруваме во општество каде сите граѓани, без разлика на етничка припадност или политичка определба, можат да живеат во мир и хармонија. Додека другите користат зборови за да разделуваат, ние делуваме за да обединиме. Секоја садница засадена денес е доказ за нашата посветеност за изградба на иднина каде толеранцијата и разбирањето ќе триумфираат над омразата и поделбите. Коалицијата ВЛЕН е гласот на граѓаните кои бараат мир, правда и подобра иднина за сите, стои во соопштението. вг/

Фото: Коалиција ВРЕДИ

Остани поврзан