• среда, 25 декември 2024

Укината забраната за тешки товарни возила на Стража и Пресека, воведена на патот Крива Паланка-ГП Деве Баир и Кратово-Пробиштип.

Укината забраната за тешки товарни возила на Стража и Пресека, воведена на патот Крива Паланка-ГП Деве Баир и Кратово-Пробиштип.

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Денеска во 10.15 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, соопштија од ЈП Македонијапат.

Од јавното претпријатие информираат и дека од 10.40 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила и на планинскиот превој Пресека.

Во 11.40 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патен правец крак Маврово – Дебар.

Од ЈП Македонијапат додаваат дека е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир и Кратово -Пробиштип.

Претходно утрово оттаму информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, како и дека забрани за тешки товарни возила биле воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.

Утрово од 07:30 часот поради врнежи од снег била воведена забрана за тешки товарни возила преку планинскиот превој Барабарос, а од 08:05 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот превој Пресека. Од 08:30 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир. сст/мд/

фото МИА архива

Остани поврзан