„Окта“ го продолжува попустот од три денари за дизел и два денара за бензините за литар до крајот на месецот
- Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, „Окта“ до 30 април 2026 година го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и на бензини кон големопродажните и малопродажните трговци. Попустот за дизел изнесува 3 денари за литар, а попустот за бензин од 95 и 98 октани останува 2 денари за литар, информираат од компанијата.
Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, „Окта“ до 30 април 2026 година го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и на бензини кон големопродажните и малопродажните трговци. Попустот за дизел изнесува 3 денари за литар, а попустот за бензин од 95 и 98 октани останува 2 денари за литар - информираат од компанијата.
Како што нагласуваат, иницијативата е доброволна овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи.
- Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени - нагласуваат од „Окта“.вј/
Фото: МИА архива