• недела, 05 мај 2024

Надал загуби само еден гем при враќањето во Мадрид

Надал загуби само еден гем при враќањето во Мадрид

Мадрид, 25 април 2024 (МИА) - Носителот на 22 Гренд слем титули, Рафаел Надал, имаше силен почеток на турнирот во Мадрид.

Поранешниот број 1 на светската ранг-листа го уништи учесникот со „вајлд-карта“ Дарвин Бланш со 6:1, 6:0 во првото коло „Мастерсот“ во шпанската престолнина.

Натпреварот беше означен како битка на генерациите, бидејќи Надал има 37 години, а неговиот противник само 16 години.

Матадорот доминираше од почеток до крај, губејќи го единствениот гем на мечот при 3-1 во првиот сет, пред да го докрајчи противникот со девет гема по ред.

Така Надал оди во второто коло во Мадрид, каде што ќе се соочи со десетиот носител Алекс де Минор. Шпанецот ќе има можност да му се реваншира на Австралиецот за поразот со 5:7, 1:6 во Барселона минатата недела. Натпреварот меѓу нив ќе се одигра в сабота. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан