• среда, 13 ноември 2024

Почина поранешниот играч на Л.А.Лејкерс, Дариус Морис

Почина поранешниот играч на Л.А.Лејкерс, Дариус Морис

Лос Анџелес, 4 мај 2024 (МИА) - Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс, Дариус Морис почина на 33-годишна возраст.

Таа информација ја објави новинарот на ЕСПН, Шамс Чарнија, но се уште нема детални информации.

Морис беше драфтуван од Лејкерси како 41-ви пик на драфтот во 2011 година и беше дел од таа франшиза две години.

Играше и за Филаделфија, Клиперс, Мемфис Гризлис, Бруклин Нетс.

Во Кина го носеше дресот на Гуангдонг Тајгерс, играше за Санта Круз Вориорс, а во Европа за Јенисеи и Гравлен-Данкерк, кој беше последниот клуб во кој настапуваше.

Морис во НБА пристигна како голем талент, со „уличен“ стил на игра, кој го сакаа навивачите, но со кој не можеше да го најде вистинскиот пат во најсилната кошаркарска лига на светот, па често ја менуваше средината. дс

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан