• вторник, 02 јули 2024

Муцунски-Гир: Државата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности

Муцунски-Гир: Државата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Силниот фокус на новата Влада за забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата со високата корупција, било во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Како што соопшти МНР, Муцунски упатил благодарност и за континуираната поддршка од Европската Унија за реформските процеси, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности.

На работната средба била истакната и важноста на евроинтегративниот процес за стабилноста на регионот и, во таа смисла, потребата од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст, стои во соопштението на МНР.

Во таа смисла, додаваат оттаму, бил поздравен и неодамна донесениот План за раст за Западен Балкан како значаен политички и финансиски влог на ЕУ кој треба да внесе дополнителен поттик на патот кон остварување на крајната цел за полноправно членство во ЕУ. нд/вј/

Фото: МНР
 

 
 
 

 

Остани поврзан