• недела, 12 мај 2024

Мурињо сака да се врати во Јунајтед

Мурињо сака да се врати во Јунајтед

Манчестер, 1 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо би сакал повторно да раководи со 20-кратниот шампион на Англија, објави „Daily Mail“. 

Шеесет и едногодишниот Португалец верува дека има незавршена работа со  „црвените ѓаволи“. Тој е заинтересиран повторно да биде на чело на Јунајтед доколку му се укаже шанса.

Мурињо би сакал да соработува со новите косопственици на клубот од Манчестер, кои неодамна купија 25 отсто од акциите на тимот од „Олд Трафорд“.

Португалецот беше тренер на Манчестер Јунајтед од 2016 до 2018 година. Со „црвените ѓаволи“ еднаш го освои Лига купот и трофејот во Лига Европа.

Во јануари италијанската Рома објави отказ за Португалецот. Мурињо во текот на кариерата ги водеше и Тотенхем, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Бенфика. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан