• недела, 22 декември 2024

Ројс може да ја продолжи кариерата во Интер Мајами

Ројс може да ја продолжи кариерата во Интер Мајами

Дортмунд, 11 мај 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марко Ројс може да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, објави новинарот на „Sky Germany“, Патрик Бергер.

За 34-годишниот Германец се борат и Ал-Наср и голем број турски клубови.

На 9 мај беше објавено дека уште еден американски клуб, Сент Луис Сити, бил заинтересиран за фудбалерот.

Ројс играше за Борусија од јули 2012 година, во сезоната 2023/24, фудбалерот постигна осум гола и направи девет асистенции на 39 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Играчот од средниот ред ќе го напушти тимот како слободен играч во јули 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан