• понеделник, 01 јули 2024

Барнли загуби од Тотенхем и испадна од Премиер лигата

Барнли загуби од Тотенхем и испадна од Премиер лигата

Лондон, 11 мај 2024 (МИА) - Тотенхем на домашен терен попладнево го совлада Барнли со 2:1 во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата и го прати во Чемпионшип следната сезона.

Головите за лондонци ги постигнаа Педро Поро (32. минута) и Мики ван де Вен (82. минута). За гостите погоди Џејкоб Брун Ларсен (25.).

Тотенхем (63 бода) е на петтото место во поредокот. Барнли (24) останува претпоследен. Избраниците на Винсент Компани испаднаа од Премиер лигата, губејќи ги математичките шанси да стигнат до спасувачкото 17. место.

Во паралелните натпревари, Вест Хем го победи Лутон Таун (3:1), а Брентфорд на крајот му одзеде победа над Бурнемаут (2:1). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан