Мурињо би можел да го напушти Фенербахче и да го преземе Бразил
- Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо може да го напушти турскиот клуб, објави „Todofichajes“.

Истанбул, 5 април 2025 (МИА) - Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо може да го напушти турскиот клуб, објави „Todofichajes“.
Бразилската репрезентација е заинтересирана за потписот на 62-годишниот специјалист, кој продолжува да бара нов селектор.
Сепак, главната цел на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) останува Карло Анчелоти.
Мурињо е на чело на Фенербахче од летото 2024. Неговиот договор е до 30 јуни 2026 година. зс/
Фото: ЕПА