• вторник, 14 мај 2024

Моди понуди Индија да биде домаќин на разговорите за климата на ОН во 2028 година

Моди понуди Индија да биде домаќин на разговорите за климата на ОН во 2028 година

Њу Делхи, 1 декември 2023 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денеска понуди да биде домаќин на климатската конференција КОП33 (COP33) на ОН во 2028 година.

Обраќајќи се на КОП28 во Дубаи, Моди порача дека секоја земја мора да ги исполни своите климатски цели и „да работи во единство“. кажа.

- Од оваа платформа денеска, предлагам Индија да биде домаќин на КОП33 во 2028 година, изјави Моди.

Моди се обиде да го подигне профилот на Индија на светската сцена како лидер на најнаселената земја на планетата, која беше домаќин на самитот на Г20 оваа година.

Годишните преговори на ОН, кои се фокусираат на борбата против климатските промени, познати како КОП, се ротираат меѓу регионите и привлекуваат десетици илјади делегати, вклучувајќи светски лидери и шефови од индустријата. ссм/

фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан