• вторник, 05 ноември 2024

Младите сакаат да имаме коридори и патишта со сите соседи, смета Ковачевски

Младите сакаат да имаме коридори и патишта со сите соседи, смета Ковачевски

Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Правењето на било кој регионален меѓудржавен пат може да биде предмет на разговор помеѓу било кого, но предмет на реализација може да биде само помеѓу владите, нагласи денеска премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека младите во земјава сакаат да имаме коридори и патишта со сите соседи.

За патот од Призрен до Тетово рече дека се работи за идеја која е многу поодамна од посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, за кого оцени дека беше злоупотребен за дневно политички цели на двата градоначалника кои, како што кажа, сакаат да се етаблираат на политичката сцена.

-Тој пат може да биде предмет на разговор помеѓу комшии, меѓу претставници на политички партии, помеѓу пријатели, меѓутоа предмет на реализација може да биде само помеѓу владите. Не е важно дали дошол косовскиот заменик-министер да разговара со некоја партија за тоа. Тој може да разговара со секого. Владите имаат потпишано меморандум кој вели дека во иднина треба да се размислува за изградба на пат кој ќе ги поврзува Призрен и Тетово и ќе се приклучи на Коридорот 8, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на компанијата „Дата мастерс“ во Скопје.

Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Македонија. На Владата и се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следна влада. Двотретиснкото

Нагласи дека секаде каде што ќе се изгради магистрален или автопат регионот се развива и додаде дека сите држави во Западен Балкан мора да соработуваат за да изградат регион кој ќе биде интегриран во Европската Унија. Нагласи дека така и ќе биде и порача дека веќе се завршени архаичните концепти од времето на национал-романтизмот за големи држави.

-Балканот не е веќе Балкан од 90-тите години од минатиот век кога не постоеја комуникации меѓу државите. Во времето на комунизмот се работеше само Коридорот 10, а Коридорот 8 не постоеше на мапата ниту на поранешна Југославија, ниту, пак, на Бугарија, Албанија и Италија, бидејќи се работеше за држави со многу лоши односи. Затоа воопшто не ме зачудува кога ќе видам 80-годишни политичари во нашата држава и во соседните држави кои уште го застапуваат тој концепт – да не се градат коридори и да има кавга помеѓу државите, бидејќи тие така ја изградиле својата кариера, рече Ковачевски. 

Нагласи дека во нашето Собрание се уште има пратеник кој доаѓа од редовите на поранешната УДБА и додаде дека не очекува тој да сака да ја види државава во Европска Унија.

-Тој изградил кариера државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. Од него не може да се очекува да ја носи државата во ЕУ. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари кои виделе што сакаат новите генерации. Нашите млади сакаат да работат во ЕУ заради поголем стандард, подобро социјално осигурување, подобро владеење на демократијата. Тие сакаат да имаат коридори и патишта, порача Ковачевски. вј/нд/

Фото МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан