• понеделник, 04 ноември 2024

Младите кошаркари со победа го завршија настапот на Европското првенство

Младите кошаркари со победа го завршија настапот на Европското првенство

Гдиња, 21 јули 2024 (МИА) - Кошаркарската репрезентација под 20 години на Македонија ја совлада Црна Гора (81:69) и го освои 15. место на младинскиот Евробаскет.

Во последниот меч од турнирот во Гдиња, машката репрезентација стигна до првиот триумф.

Две одлично одиграни четвртини, втората и третата, им беа доволни на нашите млади кошаркари да стигнат до толку посакуваниот триумф. Овие 20 минути веројатно беа и најдобрите на нашата селекција на шампионатот во Гдиња.

Македонците ги предводеше капитенот Симиќ кој постигна 15, по 13 реализираа Стојаноски и Бојчев, Бошалески ги следеше со 12 (и пет скока), а Иванов заврши со 11 поени, седум скока и три асистенции. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан