Вилнев: Ако Верстапен замине од Формула 1, никој нема да забележи
- Светскиот шампион во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев не ги разочара своите фанови со уште една своја чудна изјава, овој пат за „Екшн нетворк“. Канаѓанецот е познат по своите отворени изјави и смели тврдења, од кои повеќето други аналитичари едноставно не се осмелуваат да ги кажат пред медиумите.
Милтон Кинс, 14 јануари 2025 (МИА) - Светскиот шампион во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев не ги разочара своите фанови со уште една своја чудна изјава, овој пат за „Екшн нетворк“. Канаѓанецот е познат по своите отворени изјави и смели тврдења, од кои повеќето други аналитичари едноставно не се осмелуваат да ги кажат пред медиумите.
Вилнев прво ги коментираше објаснувањата на советникот на Алпин, Флавио Бријаторе дека тој не би го зел Луис Хамилтон во Ферари и не би го растурил силното возачко дуо Шарл Леклер и Карлос Саинц.
-Изјавата на Бријаторе дека не гледа логика во доведувањето на Луис Хамилтон во Ферари е многу кратковидна. Погледнете ја само цената на акцијата на Ферари во моментот кога објавија дека Луис Хамилтон доаѓа кај нив. Ферари не е само тркачки тим, тоа е цела индустрија. Да, Ферари сака да победува, но победата им помага да продаваат повеќе сериски автомобили и ја зголемуваат вредноста на компанијата. Затоа доведувањето на Хамилтон беше најдобрата одлука на Ферари, истакна тој.
Канаѓанецот го појасни и своето мислење за Хамилтон, бидејќи фановите неколку пати го прашуваа за тоа.
-Трансферот на Хамилтон од Мерцедес во Ферари е најголемата зделка од преминот на Михаел Шумахер од Бенетон во Ферари. Без разлика на резултатите од трките, Луис Хамилтон е најголемиот возач во историјата на Формула 1 само поради сите следбеници што ги има. Луис е уникатен и различен, неговиот имиџ и слава ја надминуваат Формула 1, што не може да се каже за многу други возачи, смета поранешниот Ф1 пилот.
И така доаѓаме до неизбежната споредба во последните години меѓу Хамилтон и светскиот шампион во последните 4 години, Макс Верстапен.
-Ако Верстапен ја напушти Формула 1, никој нема да се грижи, никој нема да забележи. Ако Хамилтон замине, сите ќе забележат. Луис во Ферари е најголемиот трансфер, а Ферари е најголемиот бренд во светот. Одлично е кога имаш можност да го собереш се што е најдобро на едно место, истакна Вилнев. дс
Фото: Архива