• четврток, 22 август 2024

Мицкоски: Немаме намера да се занимаваме со „темни сценарија“, сакаме прогрес

Мицкоски: Немаме намера да се занимаваме со „темни сценарија“, сакаме прогрес

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Немаме намера да се занимаваме со „темни сценарија“,  туку сакаме прогрес, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски  на новинарско прашање за обвинувањата од поранешниот министер за економија Крешник Бектиш дека ДУИ биле прислушувани по налог на власта. 

Мицкоски изјави дека е несериозно е да коментира изјави на поединци, поранешни политичари и упати да се бара одговор од институциите.

- Одамна помина безредието овде кај нас во Македонија со формирањето на новата Влада. Политичарите кои ги злоупотребуваа институциите, замина во историјата, на темната страна на историјата. Оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има задача реформа, да ја врати надежта кај граѓаните. Немаме намера да се занимаваме со такви темни сценарија. Тие темни сценарија ги оставаме на оние кои спортуваа, играа фудбалчиња и баскетче во канцеларии, кои купуваа трговски центри, кои градеа империи на грбот на граѓаните, кои ги ограбуваа граѓаните, отвораа фабрики со марихуана, издаваа пасоши на белосветски криминалци и нарко дилери итн., нагласи Мицкоски по поставувањето камен-темелник за изградба на нов градски пазар во општина Неготино.  

Премиерот порача дека сакаат да гледаат напред и сакаат прогрес. 

- Нас не интересираат нови пазари, нови булевари, нови автопати, нови инвестиции, субвенции, повисоки пензии. Тоа е интересот на оваа Влада. Изјави на вакви политички маргиналци не би коментирал, потенцира Мицкоски. мд/свд/

фото: МИА 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан