• вторник, 19 ноември 2024

Министрите за јавна администрација на Република Северна Македонија и Црна Гора на средба за поттикнување соработка

Министрите за јавна администрација на Република Северна Македонија и Црна Гора на средба за поттикнување соработка

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација на Република Северна Македонија, Горан Минчев и министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, во рамки на конференцијата во Љубљана, остварија билатерална средба со цел на зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на реформите во јавната администрација.

Како што информираат од Министерството за јавна администрација, на состанокот фокусот бил ставен на споделување искуства и најдобри практики во реформата на јавната администрација, доброто владеење и иновативните модели на управување.

Двајцата министри ја истакнале важноста од продлабочување и унапредување на соработката за подобрување на ефикасноста, транспарентноста и одговорноста на јавните услуги, кои се клучни приоритети за двете влади.

Министерот Минчев информирал за актуелните активности на Министерството во модернизацијата на јавните услуги преку дигитални алатки и тековните реформи насочени кон создавање поагилна администрација ориентирана кон граѓаните.

Тој ја нагласил потребата од регионални партнерства и потенцирал дек реформата на јавната администрација е камен-темелник на доброто владеење и оти со споделување на знаење и експертиза со нашите црногорски колеги, може да се забрза модернизацијата на системите, да се подобри  довербата на јавноста и да се поддржи одржливиот развој.

Министерот Дукај ја поздравил можноста да се научи од реформските искуства на Република Северна Македонија, особено во областите на дигитализација и е-владеење.

-Црна Гора е посветена на спроведување на реформи кои ќе ја направат нашата јавна администрација поефикасна и потранспарентна. Нашата соработка со Република Северна Македонија е значаен чекор кон постигнување на овие цели, истакнал тој.

Министрите се согласиле да воспостават рамка за континуиран дијалог и соработка, која ќе вклучува заеднички работилници, програми за обука и размена на техничка експертиза во области како што се управување со човечки ресурси, дигитализација на јавниот сектор и иновации за испорака на услуги.

Двете страни ја изразиле својата посветеност за истражување на понатамошни области на соработка, како што се развојот на прекугранични е-услуги и промоција на иницијативи на отворена влада, за подобрување на регионалната интеграција и обезбедување подобри услуги за граѓаните.

Оваа билатерална иницијатива се очекува дополнително да ги зајакне односите помеѓу двете држави и да придонесе за нивната заедничка цел која остварува постигнување ефикасна, транспарентна и инклузивна јавна администрација. сст/ац/

 

 

 


 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан