• вторник, 11 јуни 2024

Министерот Смотрич напушти седница на Одборот за финансии на Кнесетот по кавга со семејствата на заложниците

Министерот Смотрич напушти седница на Одборот за финансии на Кнесетот по кавга со семејствата на заложниците

Тел Авив, 10 јуни 2024 (МИА) - Министерот за финансии Безалел Смотрич излезе од состанокот на Комитетот за финансии во Кнесетот откако се соочи со семејствата на израелските заложници во Газа.

Некои од семејствата му кажале на Смотрич дека чекале осум месеци да се сретнат со него и му рекле дека нивните роднини се напуштени, пишува Тајмс оф Израел.

Кон крајот на мај, актуелната израелска влада објави дека нема да се согласи да ја прекине војната против Хамас во замена за ослободување на сите преостанати заложници кои ги држеше палестинската милитантна група.

-Да речеме дека (лидерот на Хамас Јахја) Синвар ќе побара убиство на 20 жители на граничната област Газа. Дали е тоа она што сега го бара Синвар? Ослободувањето на стотици убијци со крв на рацете може да доведе до убиство на многу Евреи, рече Смотрич.

Според него, кога Хамас бара прекин на војната, тоа значи дека ќе се вратат на вооружувањето, ископувањето тунели, купувањето проектили, а многу Евреи може да бидат убиени и киднапирани на „уште еден 7 октомври“.

-Наша одговорност како лидери е да размислуваме за работите не само овде и сега, туку и за тоа кои се долгорочните последици, посочи Смотрич. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан