• вторник, 05 ноември 2024

Министерот Лога им го честиташе првото место на студентите победници на меѓународниот натпревар за симулирано судење во Тирана

Министерот Лога им го честиташе првото место на студентите победници на меѓународниот натпревар за симулирано судење во Тирана

Скопје, 8 април 2024

 

Министерот за правда Кренар Лога им го честиташе првото место на студентите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа кои победија на меѓународниот натпревар за симулирано судење во Тирана во конкуренција на 16 тимови од правни факултети од Албанија, Косово и Северна Македонија.

Министерот Лога им се заблагодари на  студентите  , Гентијана Река Хасипи, Елона Зендели, Ера Ѓакова и Флутра Џемаили за постигнатиот успех  под менторство на професорката Ведије Раткоцери и им посака со своето знаење да дадат придонес и токму тие да бидат двигателот за промени во системот и општеството.
Натпреварите се одржале во две фази, во фазата на подготовка и доставување на документи за соодветните судски предмети, во која фаза биле дисквалификувани некои од факултетите а во втората и завршна фаза, останатите тимови продолжиле со симулирано вербално судење.

Тимот на УЈИЕ имал одличен настап во сите фази бил високо оценет од жирито за професионалната подготовка , за направеното истражување и за високото ниво на пристигнатите трудови, за усната презентација, за соработката на тимот, како и за подгоптвеноста и начинот на кој одговараа на прашања поставени од спртивставените тимови и жирито.

Со студентите се дискутираше и за подобрување на состојбата во правосудството, за аномалиите и начинот на враќање на довербата на граѓаните.

Министерство за правда

Фото: Министерство за правда

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан