• сабота, 21 декември 2024

Земјотрес почуствуван вечерва во Скопје

Земјотрес почуствуван вечерва во Скопје

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Скопје. Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва соопшти дека земјотресот е регистриран во 20 часот и 35 минути и е почувствуван од населението на градот Скопје и околината. 

Земјотресот е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан