• четврток, 11 јули 2024
МИА Флеш

11 јули 2024

 - Собранието денеска ја започнa 10. седница на која за натамошна постапка беа прифатени десет закони по скратена постапка, кои, како што објаснија пратениците, се, генерално, усогласувања со веќе донесените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и формирањето на ново Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

 - Во земјава во мај годинава се евидентирани 106 604 туристи, од кои 25.5 % биле домашни, а 74.5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

 - Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП - Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP - United Nations Development Programme).

- Министерот за правда Игор Филков остварил средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, на која разговарале за билатералната соработка на двете држави, заедничките проекти и планираните реформи во правосудството.

- Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, на која станало збор за соработката меѓу двете земји со акцент на економијата, како и за француската поддржа за нашата евроинтеграција.

 – Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска како врховен командант на Армијата, ги посети армиските припадници од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.

- Со десет закони од областа на енергетиката кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, новото Министерство за енергетика ќе стане оперативно, а ќе се укине Агенцијата за енергетика и управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати.

 - Во моментов покрај силите кои гаснат од земја на пожарот во неготинско, дејствува и еден полициски хеликоптер, а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер, информираат од ЦУК. 

 -Во СВР Велес синоќа во 21:40  часот било пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, мопед „џонвеј“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во тротоар и паднал на коловозот. Како што информираа денеска од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес.

 - Традиционално и годинава, под покровителство на општина Дебар, ќе се одржи манифестацијата „Дебарско културно лето". Предвидени се повеќе културни и спортски настани,  кои со масовното присуство на иселениците го заживуваат градот. Очекуваме, како и изминатите години,  настаните да побудат голем интерес, рече за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

 - Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ, кој престојува во Вашингтон, изјави дека присуството на Србија на самитот на НАТО не значи промена на политичкиот курс, туку дека е важно Белград да има свој претставник на овој настан бидејќи тоа му е во интерес, јави дописникот на МИА од Белград.

 - Неколку еколошки организации кои се противат на отворањето рудник за литиум во долината Јадар во западна Србија се собраа денеска на протест пред Уставниот суд во Белград, по повод судската седница за разгледување на иницијативата на компанијата „Рио Сава“ за оценка на уставноста на одлуката на Владата на Србија, со која пред две и пол години беше стопиран проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит „Јадар“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Пратеничката група на Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) ќе го добие вториот мандат за формирање влада, откако на Движењето за права и слободи (ДПС) денеска исклучи 17 пратеници од својот состав.

– Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот во Вашингтон остварил кус разговор со премиерот на Бугарија, Димитар Главчев.

 – Русија не планира да учествува на кој било втор мировен самит кој може да се одржи за конфликтот во Украина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Москва, пренесува ДПА.

– Украина заплени брод во пристаништето Рени во Одеса поради нелегален извоз на земјоделски производи преку пристаништата на Крим кои се под руска окупација, потврди Канцеларијата на главниот обвинител на Украина.

 - Најсилниот адут на „Порше“ во палетата електрифицирани возила е, се чини, „Тајкан“. Целосно електричниот автомобил е еден од ретките што може да се совпадне со перформансите на „Тесла“, а многумина го доживуваат како еден од најдобрите електромобили на пазарот денес.

- Премиерот на Шпанија, Педро Санчез на Самитот на НАТО во Вашингтон ги повика партнерите од Алијансата да покажат исто „единство и доследност“ за Појасот Газа какво што демонстрираа за Украина

Тагови

Остани поврзан