• понеделник, 15 декември 2025
МИА Општински пул

9 декември 2025 

Битола - Општина Битола за претстојната зимска сезона и за мобилна зимска служба ќе издвои 17 милиони денари, а од нив 15 милиони денари се наменети за градежната оператива, а два милиони денари за индустриска сол, песок-ризла и ладна асфалтна маса.

Според утврдената програма, зимската служба ќе се потпира на потенцијалот на локалните јавни претпријатија, а доколку е потребно ќе се побара поддршка и од друга градежна оператива во градот.

Со одлука на Советот на Општина Битола за сообраќајници од прв приоритет посочени се 50 улици и 14 пристапни улици до значајни инфраструктурни објекти и институции, за сообраќајници од втор приоритет посочени се 38 улици, а посебен фокус во програмата имаат и локалните патишта во руралните населени места.

Новаци - Општина Новаци прв пат оваа година додели субвенции на млади лица кои одлучиле да посетуваат авто школа и да се здобијат со возачка дозвола за возила од „Б“-категорија.

Решенијата за исплата на субвенциите за возачки дозволи од „Б“- категорија за сите млади лица до 26 години ги потпиша градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

-Секој корисник ќе добие финансиска поддршка во износ од 10.000 денари, како дел од нашата локална политика за поддршка на младите, поттикнување на нивната мобилност и олеснување на трошоците поврзани со нивното образование, вработување и секојдневни потреби. Со оваа мерка продолжуваме да инвестираме во младите луѓе во нивната иднина, независност и развој, истакна градоначалникот Стевановски.

На доделувањето субвенции за возачки дозволи од „Б“-категорија за млади лице во Општина Новаци претходеше јавен повик, посочија од тамошната локална самоуправа.

Виница - Општина Виница најавува вистинска празнична атмосфера со новогодишниот фестивал „ViniLand“, што ќе започне на 24 декември 2025 и ќе трае до 6 јануари 2026 година на градскиот плоштад „Ангел Винички“.
Програмата е разновидна, богата и наменета за сите генерации – од најмладите до повозрасните љубители на добра музика и празничен амбиент, вели Александра Давиктова, директоро на ДК „Тошо Арсов“, установа која е дел од рганизацијата на „ViniLand“ .

Фестивалските активности ќе започнат на 24 декември со детски филмови во кино салата, музички настапи на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Славчо Стојменски“, како и вечерна забава со DJ- и на плоштадот.

-Во следните денови граѓаните ќе уживаат во новогодишен базар со ракотворби, празнични производи и локални специјалитети, пота, ќе има забавна музичка програма со настапи на ученици од основните училишта,  детски театарски претстави: „Подарок што не се купува“, „Дедо Мраз и Аладин“, „Новогодишен случај во волшебната шума“, а предвидени се и Баскерфест Ране и уметнички акробации, божиќен концерт на ученици од музичките школи, изложба на творби од ученици и промоција на книги, Бадникови поворки и делење пакетчиња за најмалите, најави Давиткова.

Кочани -  Во Центарот за култура „Белимугри“ вечер премиерно ќе биде одиграна новогодишната детска театарска претстава „Аладин и Дедо Мраз“, сопствена продукција на Националната установа од Кочани. 

Претставата е приказна за пријателството, храброста и магијата во себе, во режија на Сања Гацовска.

Играат членовите на драмското студио: Петар Крстовски, Павел Стоименов, Николија Ивановска, Јонус Мустафов, Илина Дојчинов, Леона Крстова, Мартин Митев, Милена Постолова, Ангела Личков, Викторија Наунов, Петар Тасевски, Софиа Богатинова, Вера Веселинова, Јана Гацовска и Бојан Коцов.

Премиерата на претставата е закажана со почеток во 18 часот.

Претставата ќе се  игра и на 10,11 и 12 декември во денски термини што се наменети за организирани посети на децата од предшколска и школска возраст во градот.

Скопје - Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација. 

Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок.

Увид во долгот и електронска уплата може да се изврши преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

Од Градот посочуваат и контакт телефони на кои може да се јават граѓаните за повеќе информации. 

за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: anitan@skopje.gov.mk, nuredin.nuredin@skopje.gov.mk,
за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: biljana.manakoska@skopje.gov.mk,
за комунална такса-фирмарина:  02/3297-314 како и е-маил адресата: angelina.gievska@skopje.gov.mk, и
за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како  и на е-маил адресата: katerina.donev@skopje.gov.mk. 

Уплатата на данокот може да се изврши и на шалтерите на Град Скопје кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот и во сабота на 13 декември. 

Остани поврзан