• петок, 17 мај 2024
МИА Општински пул

7 мај 2024 

Скопје - Со последните два мурала во Кичево и Скопје е заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на Здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје.

Како што информира  Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје, во центарот на Кичевската чаршија, на Центарот за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот, како што се наведува, е да поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти/дејности.

Скопје -  Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби главната награда за најдобар долгометражен игран филм на 13 издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF), кој се одржа од 24 до 28 април во Дубјук во Ајова.

На фестивалот беа прикажани над 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.

Скопје -  По повод одбележувањето на Националниот комеморативен ден на Израел -  Јом Хашоа, кој е посветен на хероизмот во Варшавското гето, денеска во Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје е отворена изложба од ликовни творби на ученици кои учествуваа на наградниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“. Учесниците низ своја призма создадоа дела поврзани со Холокаустот.

Конкурсот беше распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, и се состои од три проекти - ликовен, литературен и дигитална содржина.

Велес - Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Скопје - Во скопската општина Аеродром денеска се одржа централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција  7-ми Мај, со обраќања на раководството во МВР, како и изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

На настанот присутвуваа  министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. И двајцата изнесоа свои видувања за условите за работа на полицијата и предизвиците на професија, упатувајќи честитки до вработените и нивната посветеност на работата.

Тошковски рече дека кога дошол на позицијата министер се соочил со недостоинствени услови за работа на полицијата, но и неизмерна желба за професионално и чесно вршење на должноста полицаец.

Скопје – Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 88, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Скопје  - Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија.

Како што оценува Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК), многу поголем проблем од цената на лебот во моментов е ликвидноста на компаниите и одливот на работна сила во секторот.

Скопје -  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од старото училиште во Љубојно, каде што е започната реконструкцијата за создавање нов модерен Центар за македонски јазик, порача дека темелите на ова здание се историски темели на образованието на мајчин македонски јазик, информираат од Министерството за култура.

-Низ оваа порта која пркосно им одолева на децениите, на крајот на наредната, 2025 година, ќе влезат лингвисти, педагози, наставници, професори по македонски јазик, вљубеници во македонскиот збор. И објектот со имотен лист 55 ќе остане како паметник за генерациите по нас дека темелите на ова здание се историски темели на образованието на мајчин македонски јазик, столбот на нашиот идентитет, нагласила Костадиновска-Стојчевска.

Скопје - Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Скопје - Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ– Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.

- Прашања од областа на екологијата на водите, со фокус врз квалитетот на водите, влијанието на климатските промени, антрополошкиот фактор, како и нанотехнологиите и примена на микроскопските организми во изработка на нови материјали и нивна примена во најразлични сфери од интерес се тема на дискусии во рамки на 15. Европски дијатомолошки средби што се одржуваат во Охрид.

Повеќе од 140 експерти од 30 земји од целиот свет наредните два дена ќе зборуваат за микроорганизмите како биолошки показатели за квалитетот на водите и живиот свет во водните еко-системи.

 

Остани поврзан