• петок, 17 мај 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

30 април 2024 

Скопје - Уставниот суд организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман - спаси живот“. (Простории на Судот/9:00-14:00)

Скопје - Онлајн консултации за подобрување на даночната рамка за граѓанските организации во организација на Граѓански ресурсен центар. (Платформа Зум/10:00-11:30)

Скопје - Изјава за медиуми пред почетокот на протестот на вработените во Фондот за здравствено осигурување. (Подрачна служба ФЗО, бул.„Кочо Рацин“/11:00)

Скопје - Прес-конференција  по повод 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ и премиерата на операта „Трубадур“ од Џузепе Верди. (НОБ, фоаје/11:00)

Скопје - Јубилејна претстава на фестивалот Танц Фест Скопје, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност - 20 години Извонредност во современиот танц“, која се изведува во чест на 29 Април - Светскиот ден на танц. (Македонски народен театар/20:00)

Скопје - Осмо издание на целодневниот џез-хепенинг „Today It’s All About Jazz Vol.8“. (Парк „Ибни Пајко“/13:00)

Битола - Отворање на изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски. (Кафе барот Порта Џез/12:00)

Битола - Младинскиот културен центар – Битола ќе го одбележи  Меѓународниот ден на џезот со концерт на „СИН ПУСТИЊЕ“ (Синот на пустината). (Кафе бар Порта Џез/22:00)

Охрид - Велигденски концерт на православна духовна музика на НУ „Охридско лето“ со женскиот хор „Менада“ од Тетово под диригенската палка на Ивица Зориќ, во организација на „Охридско лето“. (Црква „Света Софија“/20:00)

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024:

Скопје/Куманово - Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван низ Македонија ќе има средба со жителите на Арачиново (17:00) и  со жителите во Куманово. (Игралиште на кеј/18:00)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024:

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) Менди Ќура ќе одржат состанок. (Простории на СКСЗМ, снимање инсерти/12:15, изјави за медиумите/12:30)

- Изјави за медиуми на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3 во 10:00 на плоштадот во општина Зрновци;
Ѓорѓија Сајкоски, носител на ИЕ 5 во 11:30 кај споменикот Мечкин Камен во општина Крушево.

Скопје - Претседателот на ДУИ Али Ахмети на средби со граѓани во: Студеничан - ресторан Каршиака (16:30), во Бутел и Шуто Оризари - ресторан Аванти (18:00), во Чаир - ресторан Фафа (19:00), во Сарај - ресторан Кораби (20:30)

Скопје - Прес-конференција на Европскиот фронт. (Плоштад Скендербег/10:00)

Тетово - Прес-конференција на коалицијата Вреди. (Седиштето на коалицијата/11:00)

Скопје - Носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата Вреди во ИЕ 1 и претседател на Демократското движење Изет Меџити ќе даде изјава за медиумите. (Спроти Собрание на Република Северна Македонија/10:30)

Скопје - Прес-конференција на Работничката партија. (Кај споменикот на АСНОМ/13:00)

Кичево - Прес-конференција на носителот на листата за активностите од Работничката партија. (Парк во центарот/14:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан