• петок, 14 јуни 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

15 мај 2024 

Котор - Техничкиот премиер Талат Џафери во дводневна работна посета на Црна Гора.  

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 17-та седница. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Седница на Судскиот совет на РСМ. (11:00)

Скопје - Отворање на 13. Самит Македонија 2025. (х.„Мериот“/9:00, изјави за медиумите/11:15)

Скопје - Институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет, УКИМ ќе го одбележи Меѓународниот ден на семејството. (Филозофски факултет, предавална 3/10:00)

Скопје - „Саем на кариера“ во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“. (Простории на новиот објект во поранешната касарна „Илинден“/10:00)

Скопје - Работилница со Експресивна Арт Терапија „Маски во движење“ со Ана Тодоровска, психолог. (КСП Центар Јадро/18:00)

Скопје - Тимот на СмартАП - Лабораторија за социјални иновации, ќе го одржи вториот ЕДУЛАБ-вебинар Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едуатори“. (преку ZOOM: https://link.innovationlab.mk/qewomvb/18:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ на Мирослав Масин по повод четири децении творештво. (во Даут пашин амам/20:00)

Скопје - Отворање на шестото издание на „Литера“, меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца. (МКЦ/19:00)

Скопје - Петнаесетта сезона на „Креативен викенд” со конференција насловена „Стратегии во уметноста”. (Стара скопска чаршија „Котур“/19:00)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски во рамките на меѓународниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“. (НОБ/20:00)

Скопје - Концерт на кантавторката MIYATTA. (Филхармонија/20:00)

Скопје - Концерт на Курт Елинг и Национален џез оркестар. (МНТ/20:00)

___________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан