• петок, 28 јуни 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

15 Мај 2024

Брисел – Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак свика средба на шефовите на преговарачките тимови на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, како дел од продолжението на дијалогот.

Њујорк – Седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина, на која високиот претставник Кристијан Шмит поднесува шестмесечен извештај. Најавено е присуство на претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ.

Рамала – Палестинците одбележуваат 76 години од „Накба“ (катастрофа) – основањето на државата Израел во 1948 година.

Брисел – Европската комисија ќе ги објави економските прогнози за 2024 и 2025 година.

Москва – Редовна неделна прес-конференција на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Белград – Американската државна потсекретарка за јавна дипломатија Елизабет Ален е во Белград во рамките на нејзината посета на регионот.

Остани поврзан