• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД (ДПЛ)

11  јули 2025 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на новата фабрика на Чагатај Кабло во ТИЗР Скопје. (11:00)

Скопје - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ќе одржи прес-конференција. (Министерство за јавна администрација, бул.Св. Кирил и Методиј бр.54/12:00)

Скопје - Седница на Советот на јавните обвинители. (10:30)

Струга - Евроамбасадорот Михалиос Рокас во посета на Струга, каде во Јуроп Хаус Струга ќе се сретне со млади локални претприемачи.

Скопје - Прес-конференција по повод новиот, осми по ред филм на Милчо Манчевски „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“). (Македонски народен театар, фоаје/11:00)

Скопје - Завршен настан „Следни Поглавја за Заедничка Иднина“. (Ресторан Воденица Мулино/9:00, брифинг со медиумите/10:30)

Скопје - Комеморација по повод 30 години одбележување на Меѓународниот ден на геноцидот во Сребреница, организирана во соработка со Општина Чаир и невладини организации. (Собир пред Општина Чаир/9:30, краток марш  до споменикот Цвет на Сребреница, парк Чаир/10:00 каде ќе се одржи свечена програма)

Скопје -  Претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов ќе даде изјава за медиумите. (Пред спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан/13:00)

Македонска Каменица - Меѓународен фолклорен фестивал „Каменица пее и игра“.  (Градски плоштад/18:30)

Галичник - Премиера на монодрамата насловена „Ја, Ѓорѓуја Пулески – роден су од камен“, во чест на јубилејот 150 години од објавувањето на „Речник на три јазика“ на Пулески. (Амфитеатар пред чешма „Упија“/21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан