МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 2 октомври 2024
2 октомври 2024
Скопје - Собранието ќе ја одржи 16-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. (Медија центар на Владата / 12:00)
Скопје - Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена нова Влада. (Медија центар на Влада/10:30)
Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена нова Влада. (Медија центар на Влада /11:30)
Тетово - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Клиничката болница во Тетово. (11:00)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе се обрати на конференцијата по повод новоформираниот Дигитален центар за иновации во Северна Македонија – ДигитМак што ќе ја почне својата работа со јавен симпозиум „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“. (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство/9:30, изјави за медиумите/9:45)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе ја посети Националната опера и балет. (9:30, изјави за медиумите во 10:00)
Скопје - Седница на Судски совет на РСМ. (10:00)
Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)
Скопје - Eкономски форум на жени лидерки - Women Economic Forum - Balkans 2024 во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ и Г100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 Милион. (х.„Мериот“/9:40, изјави за медиумите/9:20)
Струга - Меѓународна конференција „Енергетика 2024“ форум за споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.(х.„Дрим“/11:30)
Скопје - Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција за проектот „Кисела Вода - адреса за заеднички дом“. (Општина Кисела Вода/10:00)
Скопје - Прес-конференција на Коалицијата „Вреди“. (Прес-центар на Собрание/10:30)
Скопје - Прес-конференција на лидерите на Европскиот фронт. (х.„Холидеј ин“/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. (Седиште на СДСМ / 11:30)
Скопје - Прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. (Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Плоштад ВМРО бр.1/ 10:30)
Штип - Прес-конференција на „Гласен текстилец“ Штип по повод Текстилијада 8. (Простории на Гласен текстилец, Сутјиска 59/10:00)
Скопје - Доделување на наградите „Драги“ во рамки на десеттото издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2024. (аула на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“/12:30)
Скопје/Велес - Промоција на книгата за деца и тинејџери „Шепотено“ на писателот Павел Беренсевиќ. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје/12:00, ЕУ инфо центар Europe House во Велес/14:00)
Скопје - Изложба на сликарката Тања Таневска - „Време и простор 2001-2023“. (Мултимедијален центар „Мала станица“/20:00)
Скопје - Премиера на проектот „Безвременски прикаски“ во кореографија и режија на Ирена Лозинска. (Младински културен центар, кино „Фросина“/21:30)
Битола - Свечено отворање на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. (Народен театар/20:00)
Скопје - Свечено затворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар со концерт „Македонски подобро звучи - Едиција 4“ на „Архангел“. (21:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***