Левица: Цехот од незаинтересираноста на инспекциските служби и МЖСП за состојбата со воздухот во главниот град, го плаќаат граѓаните со нивното здравје
- СООПШТЕНИЕ: Цехот од незаинтересираноста на инспекциските служби и Министерството за животна средина, предводени од Изет Меџити, за состојбата со воздухот во главниот град, го плаќаат граѓаните со нивното здравје. Наместо преземање конкретни мерки против индустрискиот гигант, тие ги игнорираат алармантните факти и дозволуваат профитот на крупниот капитал да биде поважен од здравјето на луѓето. Газдите на УСЈЕ го полнат својот џеб, додека граѓаните на Скопје буквално се трујат секојдневно.
Скопје, 21 декември 2024
Цехот од незаинтересираноста на инспекциските служби и Министерството за животна средина, предводени од Изет Меџити, за состојбата со воздухот во главниот град, го плаќаат граѓаните со нивното здравје. Наместо преземање конкретни мерки против индустрискиот гигант, тие ги игнорираат алармантните факти и дозволуваат профитот на крупниот капитал да биде поважен од здравјето на луѓето. Газдите на УСЈЕ го полнат својот џеб, додека граѓаните на Скопје буквално се трујат секојдневно.
Двете страни на булеварот „Србија“ совршено ја прикажуваат трагедијата на животната средина во Скопје. На една страна, гигантот УСЈЕ, најголемиот загадувач во градот, ја прекрива околината со прашина и смог, додека на другата страна се гледа сино небо. Овие фотографии, направени во исто време, ја покажуваат суровата реалност на животната средина под загадувачката сенка на УСЈЕ.
Бројот на луѓе кои ги загубиле животите во последица на распираторни заболувања од година во година се зголемува. Најчести жртви се повозрасната категорија на луѓе. Уште позагрижувачки и алармантен е порастот на деца со ваков тип на заболувања, кои несомено можат да остават последици по нивното здравје, со кои би биле приморани да се справуваат цел живот.
Пред две години советниците на Левица во Советот на Град Скопје поднесоа Иницијатива за поставување на мерна станица во близина на УСЈЕ, но за истата не гласаа советниците на ДПМНЕ, кои се мнозинство во Советот на градот. Нашите иницијативи и барања во Град Скопје за акција, систематски се игнорираат и од централната власт. Владата е подготвена да ги отруе сопствените граѓани за сметка на интересите на крупниот капитал.
Левица останува доследна на отпорот против оваа системска игноранција и борец за здравјето и иднината на нашите граѓани! Го повикуваме градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веднаш да ги отфрли „крвавите“ пари од УСЈЕ и да застане на страната на граѓаните кои го избрале!
Дополнително, бараме од министерот за животна срединa, Изет Меџити, конечно, да излезе на терен и да ги согледа состојбите кои го трујат градот со децении!
ПП Левица
______________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.