• недела, 29 септември 2024

Меѓаши ќе ги промовира наодите од онлајн истражувањето за искуството на учениците од далечинското учење

Меѓаши ќе ги промовира наодите од онлајн истражувањето за искуството на учениците од далечинското учење
Скопје, 17 август 2021 (МИА) – Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска  ќе ги промовира наодите од онлајн истражувањето чијашто цел беше да испита какво е искуството на учениците од далечинското учење во учебната 2020/21, со посебен фокус на зачестеноста на врсничкото насилство и видовите, во тие наставни услови. Истражувањето беше спроведено во текот на јуни преку онлајн платформа на репрезентативен примерок од над 1200 ученици од основни и средни училишта од цела земја од проф. Софија Георгиевска од Институтот за социјална работа, при УКИМ. Беше спроведено во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на децата во превенција од насилството“ поддржан од Фондацијата ОАК, во партнерство со САПИ. вј/аа/

Остани поврзан