Мештани од Криволак пријавиле неготинец за навреди на национална основа
- Мештани од Криволак пријавиле неготинец во полиција за навреди на национална основа, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготино, 25 октомври 2025 (МИА) - Мештани од Криволак пријавиле неготинец во полиција за навреди на национална основа, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во ОВР Неготино, 107 мештани од село Криволак, неготинско, со писмо со нивни потписи, пријавија дека Љ.Т. од Неготино на социјална мрежа објавил видео, што е јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/аа/
Фото: МИА архова