• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мерц побара Украина да биде дел од мировните преговори

Мерц побара Украина да биде дел од мировните преговори

Берлин, 24 февруари 2025 (МИА) - Победникот на парламентарните избори во Германија, конзервативецот Фридрих Мерц, повика Украина да биде вклучена во мировните преговори за ставање крај на војната на нејзино тло, додека САД директно преговараат со Русија за ова прашање, без Украина.

„За да се постигне праведен мир, нападнатата земја мора да биде дел од мировните преговори“, рече лидерот на германските конзервативци, кој најверојатно ќе биде следниот канцелар што ќе го замени социјалдемократот Олаф Шолц.

Во порака на социјалната мрежа Х, Мерц ја повика Европа да ја стави Украина во „позиција на сила“ во тие преговори.

Денеска се навршуваат точно три години од почетокот на руската инвазија врз Украина.сд/

фото:ДПА

Остани поврзан