• недела, 21 април 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - На 21.03.2024 во 14.30 часот на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(30) од Радовиш.

При преглед на патничко возило „мерцедес спринтер“ со радовишки регистарски ознаки, со приколка, со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои не поседувал документација. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 21.03.2024 околу 19.10 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 39-годишниот гостиварец В.Ф., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 21.03.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Р.(37) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.

Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје.

Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците...

На 21.03.2024 во 17.57 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско - Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски односи, управувано од А.М.(29) од Прилеп и товарно возило „ман“ со скопски регистарски односи, управувано од З.Б.(38) од Куманово.

Во несреќата, А.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во градската болница Прилеп каде починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.    

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 177 пешаци од кои, 139 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 131 други видови на сообраќајни прекршоци.

На 21.03.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Трпковски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(44) од Скопје, удрило во А.Ц.(24) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.03.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

На 21.03.2024 во 12.51 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај с.Групчин, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од с.Бојане, скопско, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(68) од с.Ларце, тетовско и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки управувано од У.Б.(35) од с.Лисец, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, С.Б.(35) од с.Лисец, а со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „мерцедес“, Ц.Ф.(49), констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 21.03.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Чаир, И.Т.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 22.03.2024 во 08.40 часот во СВР Битола, Г.П.(65) од Битола пријавил дека на улица „Јосиф Христовски“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 21.03.2024 во 12.20 часот во Полициската станица Велес, З.Ј.(67) од Велес пријавил дека на улица „Ризо Ризов“ во Велес, неговиот син С.Ј.(34) бил каснат од куче скитник. сст/

Остани поврзан