• петок, 22 ноември 2024

Приведен дилер за издржување казна затвор од две години

Приведен дилер за издржување казна затвор од две години

Скопје, 21 април 2024 (МИА) - Во Кичево во 17.40 часот вчера полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле А.А.(39) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска соопштија дека лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан