• сабота, 04 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - На 24.04.2024 во 10.50 и во 12.25 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено, поради сомнение дека околу 04.00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје, од вработените одзеле пари. Тие се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.04.2024 во 17 часот во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле А.М.(42) од Тетово, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци поради сторено кривично дело казниво по член 288 и член 396 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.
 
На 24.04.2024 вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со  сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н.,  констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (25.04.2024) во 00.30 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово–Струмица, на место викано „Шушлевец“ , атар на Берово, патничко возило „фолксваген џета“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.
                                           
На 24.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Гостивар И.С.(65) од Гостивар пријавил дека на улица ,,101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 24.04.2024 во 18.14 часот во СВР Штип било пријавено дена на регионалниот пат Радовиш-Штип патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(49) од с.Калуѓерица, радовишко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 24.04.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Центар, Љ.В.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
 
Денеска (25.04.2024) во 00.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.З.(27) од Скопје пријавил дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

На 24.04.2024 во 17.20 часот во Полициската станица Чаир, С.Т.(52) од Скопје пријавил дека на  ул.„Љубо Петровиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 24.04.2024 во 22.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                            

На 24.04.2024 во 18.45 часот полициски службеници од  СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. вг/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан