• недела, 05 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 27 април 2024 (МИА) - На 26.04.2024 во 16.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово на м.в. Бањиче  лишени се од слобода Б.Ш.(24) и Л.Ц.(21), и двајца од Тетово, бидејќи во нивна непосредна близина била пронајдена марихуана. Тие се приведени и ќе се соочат соодветен поднесок.

На 26.04.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(52) од Скопје, поради тоа што околу 12.30 часот физички го нападнал неговиот 76-годишен татко, а при нападот употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.04.2024 во 11.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Р.Б.(58) од Тетово. Тој кај нас.„Дреновец“, управувајќи патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од страна на полициски службеници, а откако по преземени мерки и активности бил сопрен, тој се однесувал агресивно кон нив. Покрај ова, при преглед во возилото му бил пронајден и одземен метален пендрек. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.04.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје, 49-годишен маж пријавил дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат со тврд предмет од неговата партнерка Ј.С.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.04.2024 во 11.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на кат од куќа, сопственост на П.П.(74) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

На 26.04.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар. Според пријавеното,  едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив. Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма  на дијаманти. Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.04.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Д.Ш.(44) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од С.С.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.04.2024 година од 15.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 23 возачи кои со своите моторни возила извршиле престигнување на други возила, на места каде тоа со сообраќаен знак е забрането (Охрид-08, Струга-06, Кичево-03, Дебар-06).

На 26.04.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“, пред крстосницата со ул.„Џон Кенеди“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко возило „порше кајен“, управувано од Е.С.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген туран“, паркирано од А.С.(34) од с.Кондово, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со телесни повреди се здобиле Е.С. и А.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, известени се ОВККИПС.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Н.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа „екстази“ - MDMA.

Остани поврзан