• недела, 12 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Вчера во 23:55 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле А.Ф.(36) од Радовиш. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02.2024 во 16:30 часот во село Никуштак, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(34) од село Гошинце, општина Липково. При преглед на патничко моторно возило „мерцедес вито" со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе бали со тутун за кој не поседувал никаква документација. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 17.02.2024 во 11:40 часот во ОВР Прилеп, од Итна медицинска помош Прилеп било пријавено дека во Градска болница Прилеп со тешки телесни повреди бил пренесен Ж.Н.(55) од село Големо Коњари, прилепско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување земјоделски работи со работна машина во село Големо Коњари.  

На 17.02.2024 во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на улицата „Св.Јоаким Осоговски" настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „опел астра", сопственост на С.М.(25) од село Крстов Дол, кривопаланечко. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 17.02.2024 во 13:35 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во атарот на Струшко поле настанал пожар на нива, сопственост на приватна фирма од Струга, при што биле опожарени повеќе родни дрва. Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.  

На 17.02.2024 во 15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Врапчиште, гостиварско, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Ф.Р.(63) од истото село. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 17.02.2024 во 01:20 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.М.(25) од Скопје затоа што на 16.02.2024 околу 23:50 часот пред и во угостителски објект на подрачје на општина Аеродром во Скопје агресивно се однесувал и со остар предмет се заканил на вработените. Од него бил одземен остриот предмет, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 18.02.2024 во 01:50 часот во СВР Тетово, Л.А.(30) од с.Доброште, тетовско, пријавил дека околу 00:05 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување нас лучајот.   

На 17.02.2024 во 05.48 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ настанал пожар во патничко возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Шумска полиција – Охрид. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 17.02.2024 во 14:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Исто така, на 17.02.2024 во 19.30 часот, нејзиниот сопруг во СВР Скопје пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02.2024 во 14:40 часот во СВР Скопје, М.Т.(33) од Скопје пријавил дека на балконот од неговата куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје пронашол зрно од огнено оружје, а забележал и дека кровот на балконот бил оштетен. Зрното било подигнато за понатамошна постапка, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 17.02.2024 во 21:40 часот во СВР Скопје, Г.К.(46) од с.Ракотинци, скопско, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 17.02.2024 во 21 часот во СВР Скопје, Ѓ.Н.(46) од Скопје пријавил дека на подрачејто на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.02.2024 во 17:30 часот во СВР Скопје, А.Н.(25) од Скопје, пријавил дека на 13.02.2024 околу 16.00 часот на подрачјето на Драчево во Скопје бил физички нападнат од Д.Ф.(23) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02.2024 во 08:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар на три електрични броила. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид. 

На 17.02.2024 во 18:10 часот во СВР Скопје, Ф.Л.(63) од с.Љубин, општина Сарај, пријавил декA кровот од неговата куќа и гаража бил оштетен од заталкани зрна од огнено оружје. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.02.2024 во Гевгелија била пронајдена Ј.А.(13), за која на 15.02.2024 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавено дека се оддалечила од домот на згрижувачкото семејство.

На 17.02.2024 во 10 часот во Полициската станица Струга, Р.А.(50) од с.Лабуништа, струшко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.Б.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.02.2024 во 09:30 часот во Полициската станица Велес, О.А.(33) од Велес пријавил дека на улица „Филип Втори“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 17.02.2024 во 18:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Л.Ѓ.(67) од Скопје пријавила дека на улица „Андон Кецкаров“ во Скопје била касната од куче скитник.  

На 17.02.2024 во 20:05 часот во Полициската станица Карпош, В.К.(41) од Скопје пријавил дека на пешачка патека на Средно Водно во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 17.02.2024 во 20:20 часот во Полициската станица Кичево, В.П.(38) од Кичево пријавил дека во село Извор, кичевско, бил каснат од куче скитник.свс/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан